Во полициското одделение во Нов Дојран, во неделата во 16,50 часот било пријавено дека во викенд куќа во селото Сретеново бил пронајден починат 67-годишниот В.З. .
Лекар од итната медицинска помош од Гевгелија констатирал смрт без траги на насилство, а увид на лице место извршила и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.