Маж од Гевгелија ќе одговара за насилство врз дете

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.А.(49) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.

На 03.09.2022 во село Ѓопчели, пријавениот физички нападнал малолетник.