Маж од Кавадарци пронајден мртов

На 28.02.2020 во 17:50 часот во Полициската станица Кавадарци од ЈЗУ Општа болница Кавадарци било пријавено дека на ул.“Миле Вчков“ имало починато лице П.А.(74) од Кавадарци.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.