Човек од Пенсилванија е уапсен откако го убил и обезглавил својот татко, а потоа објавил видео на YouTube во кое ја држи главата на својот татко во раце и зборува против американскиот претседател, движењето „Животите на црнците се важни, ЛГБТК заедницата и антифa активистите“, пренесуваат американските медиуми.
Триесет идвегодишниот Џастин Мон е уапсен откако неговиот татко бил пронајден обезглавен во нивниот дом во Мидлтаун во вторникот. Обвинет е за убиство од прв степен и други дела како експлоатација на тело и поседување оружје за извршување кривично дело.
Во видеото, насловено „Милицијата на Мон – повик за оружје до американските патриоти“, Мон носи ракавици и ја држи главата на својот татко во пластична кеса. Подоцна, главата може да се види во тенџере за готвење, пренесува NBC News.
Мон вели дека неговиот татко бил сојузен службеник 20 години и го нарекува предавник, повикувајќи на смрт на сите федерални функционери и напаѓајќи ја администрацијата на претседателот Џо Бајден, движењето „Животите на црнците се важни“, ЛГБТК заедницата и антифа активистите, според пишувањата на американските медиуми.
YouTube го отстрани видеото долго 14 минути неколку часа откако беше објавено.