ХРОНИКАСВР ТЕТОВО
Трагедија: Маж почина по паѓање на работното место
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
03. Јули 2024. @ 16:021 мин. читање
На 02.07.2024 во 15:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово – Ургентен центар бил донесен починат 53-годишниот А.А. од тетовско Џепчиште.
Според пријавеното, тој паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во правно лице од тетовско Непроштено, по што им подлегнал на повредите.
На лице место увид извршила увидна екипа при СВР Тетово.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.