Италијанец повторно почнал да ја користи парализираната рака благодарение на нервот од ногата што му бил пресаден во италијанска болница, што е прв ваков зафат во светот.
Операцијата е извршена во вторникот во болница во Торино „првпат во светот“, се вели во соопштението на локалната здравствена агенција.
Пациентот е 55-годишен социјален работник кој по сообраќајна несреќа останал без дел од левата нога и со целосно оштетување на брахијалниот плексус на левата рака.
Процедурата спроведена од лекарите е опишана како „пионерска“ и вклучуваше префрлање на дел од ијатичниот нерв на горниот дел од телото.