Маж претепан во Скопје, пронајден е повреден

На 18.12.2023 во 21:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Гази Баба било пронајдено повредено едно лице.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Д.Н.(45) од Скопје, кој пријавил дека бил физички нападнат од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.