Американската Тајна служба, која се грижи за безбедноста на највиските државни личности, во четвртокот уапсила маж додека се обидувал со возило без дозвола да навлезе на територијата во Белата куќа, се наведува во соопштението на службата на Twitter.
Во објавата се истакнува дека осомничениот се обидел да следи еден автомобил кој легално минувал преку преминот на надворешн контролен пункт од комплексот на резиденцијата на американскиот претседател, од страна на паркот Лафајет. Припадниците на Тајната служба успеале да го запрат возилот и го привеле возачот.
Американската Тајна служба пред потврдата на инцидентот претходно објави дека се блокирани низа улици во опкружувањето на Белата куќа, вклучително и делот на авенијата Пенсилванија која ги поврзува Белата куќа и Капитол хил.
Други поединости инцидентот кој се случил околу 6 часот утрото по локално време, не се дадени. Медиумите, пак, јавуваат дека возилото било прегледано од припадници на единицата за деминирање на полицијата на американската престолнина и на Тајната служба.
An unauthorized vehicle attempted to gain entry to the White House complex by following another vehicle that was lawfully entering at an external complex checkpoint.
The vehicle was stopped and the individual was immediately taken into custody by Secret Service U.D. Officers. pic.twitter.com/ex406WNK87
— U.S. Secret Service (@SecretService) November 21, 2019