Шеесет и петгодишен маж е пронајден мртво во автомобил со струмички регистарски ознаки на магистралниот пат Штип -Радовиш во четвртокот попладнето
Настанот бил пријавен околу 16:45 часот во СВР Штип а во дојавата полицијата била информиорана дека на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш, во патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, бил пронајден починат 65-годишниот Р.К.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид извршиле екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција во Клиничка болница Штип.