Маж пронајден мртов во својот стан во Скопје

Во Полициската станица Карпош вчера околу 18.10 часот било пријавено дека во сопствениот стан на булевар „Партизански одреди“ бил пронајден починат З.Т.(64) од Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Карпош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.