Патник во јапонскиот супер експресен воз се самозапалил денеска, при што загинале две лица, а деветмина се повредени од прекумерно вдишување чад, јавува Би Би Си.
Мажот истурил бензин врз себе и се самозапалил во првиот вагон на возот. Во инцидентот починал тој и уште една жена, а од деветмината повредени патници, двајца се здобиле со потешки повреди.
Засега нема информации кои се причините за самоубиството.
Супер експресниот воз патувал од Токио кон Осака, а инцидентот се случил по околу три часа патување. Во возот имало околу 1.000 патници. Поради несреќата сите возови што патувале на истата релација биле во прекин.