Припадник на француската жандармерија во североисточниот департман Мозел отворил оган кон маж вооружен со нож кој го нападнал, пренесува елетронското издание на дневниот весник Figaro.
„Како што соопштија во канцеларијата на обвинителството, жандармот пукал кон маж вооружен со нож. Мотивите на напаѓачот засега не се познати“, пренесува весникот.
Нападот се одиграл околу 15,30 часот по локално време во малата општина Дуиз, со околу три илјади жители.
Жандармот прво употребил спреј за да го одбие нападот,м а потоа пукал двапати во напаѓачот. Мажот со прпострелни рани во стомакот е хоспитализиран, а полицискиот службеник е повредени во раката.