Педесет итригодишен маже е тешко повреден откако на автопатот Тетово-Гостивар во петокот околу 6,30 часот во близина на Неготинска клучка, автомобилот кој го управувал „даеву матиз“, со охридски регистарски ознаки, излетало од коловоз.
Во незгодата, возачот Џ.А. од кичевско Шутово, здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На местото на незгодата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.
Нео