Во судирите меѓу населението кое протестирало и полицијата во египетско село јужно од главниот град Каиро ноќта кон саботата смртно настрадал маж, а учесниците на протестот барале заминување од власт на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси.
Неколку десетини демонстранти во последните неколку дена организирале помали собири во египетски села на кои го изразувале незадоволството од работата на владата.
„Телото на застреланиот маж во саботата е пренесено во болницата“, изјавил за AFP, извор од болницата „Ал Ајат“ во Гиза.
Полицијата тврди дека нејзините припадници не пукале на демонстрантите, туку употребиле солзавец за да ги растераат.
Масовните протести се забранети во Египет од 2013 година, откако со големите демонстрации со стотици жртви беше принуден да замине тогашниот прв избран претседател Мохамед Морси, откако поддржуван од подоцна забранетото екстремистички движење Муслиманско братство и други радикални исламистички групации не успеа да постигне договор со умерените муслимански партии и секуларистите.
Вонредната сосојба во земјата е на сила од 2017 година, по повеќето атентати и смртоносни напади врз полицијатаи војската на радикалните милитанти кои искажаа лојалност на терористичката организација Исламска држава.
Слични помали протести како оној крај Гиза се одржуваат откако Мохамед Али, претприемач во емиграција, неодамна ги повика Египќаните да излезата на улиците за да го изразат незадоволството од владата и од претседателот ал-Сиси, кој на позицијата дојде до челното место влијателниот Врховен совет на египетската армија.
Мохамед Али е градежен претприемач кој на египетската политичка сцена се појави првпат минатата година кога започна да објавува видое-записи кои се ширеа преку социјалните мрежи, а во кои ги обвинува за корупција египетскиот претседател и воениот естаблишмент.