
Безживотнот тело на возрасен маж е откриено во одземен резервоар за вода во кичевско, а полицијата се сомнева дека несречниот чокве останал без кислород.
Во саботата во 17,30 час во Полициско оддление Зајас, 52-годишниот Л.Џ. од селото Зајас пријавил дека во селото Колари во двор на куќа сопственост на 67-годишниот А.З. од селото Колари го забележал без знаци на живот.
„Од полициски службеници е излезено на лице место и констатирано е дека А.З. околу 16,00 часот влегол во подземен резервоар за вода во неговиот двор, но поради недостаток на кислород дошло до задушување“, информира МВР.
Од екипа од медицински центар Кичево констатирана е смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.