Триесетгодишен маж загина во синоќешните судири меѓу демонстрантите и турската полиција во Истанбул.
Судирите почнале кога група од 10 до 15 млади луѓе се собрале во центарот на Истанбул и почнале да извикуваат пароли за поддршка на еден млад човек повреден при претходните протести во градот, организирани поради минатонеделната несреќа во рудникот во Сома, при која загинаа 301 лице.
Полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлале со молотови коктели и камења кон полицијаците.
Синоќешните протести се одржаа на годишнината од почетокот на демонстрациите против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, кои прераснаа во неколкунеделни антивладини протести.