![apsenje lisici-](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/apsenje-lisici-.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
На 24.03.2024 во 21:30 часот на Граничниот премин Долно Блаце на влез во државата, полициски службеници ги привеле Ш.Б.(32) и К.Д.(26) двајцата од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Ш.Б. евидирал по барање на СВР Куманово, а во врска со кривично дело „разбојништво“.
Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.