![brak-partneri-muskarci-zene-1362470999-261529](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/brak-partneri-muskarci-zene-1362470999-261529.jpg?resize=696%2C374&ssl=1)
Oва треба да го прочитате пред да поминете часови и часови спремајќи се пред огледало. Истражувањето го спровела една агенција за онлајн состаноци во кое учествуваале 1.200 мажи.
Истражувачите ги интересирало каков изглед преферираат мажите кај жената на првиот состанок. И додека жените поминуваат часови пред огледало, проследено со нервирање дали косата им е доволно права или линијата од моливчето на очи им е еднаква, на мажите тоа воопшто не им е важно. Тие се решиле за моделот што поприродно, тоа поубаво.
Дури 66 отсто од мажите се изјасниле дека жената на првиот состанок не би им била воопшто атрактива ако има јака шминка, како на пример познатите „зачадени очи“. Што се однесува до косата, 82 отсто од мажите изјавиле дека косата е најубава кога изгледа природно, без чудни завиткувања и специјални фризури, а 84 отсто од нив велат дека преферираат природна боја на коса.
Со ова истражување е уште еднаш потврдено дека на посилниот пол и понатаму поважен му е шармот и она што жените имаат да го кажат. Меѓу другото, ако тој веќе ве поканил за излезете, тоа значи дека веќе го привлекувате физички.