Судот во сојузната американска држава Јужна Дакота го осуди на смртна казна четириесет и четиригодишниот Џејмс Меквеј за убиство на повозрасна жена, што било дел од планот за убиство на американскиот претседател Барак Обама.
Меквеј се изјаснил виновен за убиството на 75 – годишната Мејбел Шајн, која ја убил со нож во 2011-та година, но изјавил и дека ментално заболел.
Обвинетиот рекол дека ја убил старицата и потоа го украл нејзиниот автомобил, по што планирал со него да се превезе до Вашингтон и да го убие Обама.
Тој, меѓутоа при реализацијата на планот е уапсен во градот Медисон во сојузната држава Висконсин.
Поротата едногласно го усвоила предлогот Меквеј да биде погубен.
Доколку одлуката на поротата не била едногласна, тој би бил осуден на доживотен затвор без можност за помилување.