Мажот кој уби двајца туристи во Амстердам бил мотивиран од „навреди“ на исламот

Мажот кој на централната железничка станица во Амстердам уби двајца американски туристи минатата седмица, рекол дека своите жртви ги избрал случајно, а мотив за тоа наводно му биле навредите на сметка на исламот во Холандија, објави во поnеделникот холандското обвинителство.

Телевизиската станица RTL Nieuws од свои извори го идентификува напаѓачот као Џавед С.

Овој деветнаесетгодишен Авганистанец, кој имал престој во Германија, рекол дека допатувал во Амстердам да изврши напад поради навредите упатени на муслиманскиот пророк Мухамед, се наведува во соопштението на обвинителството.

„Од дадените изјави произлегува дека осомничениот имал терористички цели и специјално за тоа допатувал во Холандија“, се наведува во соопштението. Особено, напаѓачот бил убеден дека „пророкот Мухамед, Куранот, исламот и Алах (Господ) често биле навредувани во Холандија“.

Напаѓачот го споменал името на лидерот на Партијата на слободата од крајната десница Геерт Вилдер, кој најави одржување конкурс во карикатури на кои е претставен пророкот Мухамед, но на крајот се повлече од безбедносни причини.

Секое претставување на пророкот Мухамед, според исламот претставува навреда, а во минатото беа чести вакви смртоносни напади и масовни протести ширум светот токму од истата причина.

Во моментов обвинителството нема сведоштва дека напаѓачот имал помош. Тој беше ранет во интервенцијата на полицијата и засега останува во болница, а над него ќе бидат спроведени психолошки и психијатриски вештачења.

По барање на холандското обвинителство, германските правосудни органи извршиле претрес во домот на напаѓачот од каде биле земени различни носачи на податоци. Информациите сочувани на нив во моментов се проучуваат.