Мбапе е поскап и од Меси и од Роналдо

Францускиот напаѓач Килиан Мбапе е најскапиот фудбалер на светот во моментов, со проценета вредност од 215 милиони евра, според процената на CIES Football Observatory.

Инситутот Cies Football Observatory (CIES), чиешто седиште е во Швајцарија, месечно ја објавува табелата на вредноста на најдобрите фудбалери во петте најквалитетни европски лига, а според нивниот метод, напаѓачот на ПСЖ, Килиан Мбапе е на врвот со речиси 216 милиони евра. Втор на листата е напаѓачот на Тотехмен, Хари Кејн со 197,3 милиони евра, а трет е уште еден играч на париските „светци“ – Нејмар кој вреди 197 милиони евра, Лионел Меси е дури на шестото место меѓу напаѓачите со 170,6 милиони евра, Антоан Гриман е деветти со 157,7 милиони евра, а Кристијано Роналдо не е вброен меѓу првите десетмина.

Најскап голман е Бразилецот на Манчестер Сити, Едерсон со 102 милиони евра, централен бек е Французинот Самуел Унтити од Барселона со 99,2 милиони евра, а меѓу крилните играчи најмногу вреди Англичаниецот Трент Алесандер Арнолд од Ливерпул, со 96,4 милиони евра, додека кај играчите за врска води Деле Али од Тотенхем со 163,4 милиони евра.