Килијан Мбапе е вклучен во тимот на Пари Сен Жермен за дуелот со Тулуз, кој на програмата е утре.
Францускиот репрезентативец не беше дел од првиот тим за дуелот со Лориен бидејќи беше во конфликт со раководството.
Сега се потврдуваат тврдењата дека двете страни нашле заеднички јазик и Мбапе е вратен во тимот, а Луис Енрике потврди дека е во добра форма.
„Килијан е совршен од тоа што го видов на тренинг. Има огромна желба за игра и влегува со позитивен став во мечот. Тој е првокласен фудбалер и среќен сум што го имам во тимот“, изјави Енрике.