McDonald’s се пресмета во поглед на наградите во Германија

Американскиот синџир за брза храна „McDonald’s“ наместо планираните 200.000 евра награди ќе исплати двојно повеќе, односно 400.000 евра, по започнувањето на наградниот предизвик Monopoly во Германија пред две седмици, соопшти компанијата во четвртокот во Минхен.

Четворица потрошувачи ја искористиле можноста да освојат по 100.000 евра набрзо по полноќ на 14-ти ноември. Компанијата, пак, за добивките предвидела 200.000 евра за Германија и Луксембург.

Првпат можеле да дојдат до наградата првпат со помош на апликација со внесување на џекпот кодод од етикетата од производите на „ McDonald’s“.

Апликацијата била во пробна фаза во којашто добивките се поверојатно, појаснија од компанијата. Така, McDonald’s ќе ги исплати среќните добитници, а првичните 200.000 евра ќе ги сочува за подоцнежните добивки.

„Човечки е да се греши“, коментираше портпаролот на компанијата.