Меџити до Ахмети: Каде одите со овој ураган? На сопствените своите синови?

Потпретседателот на ДУИ и предводник на „огнените“ Изет Меџити е изненаден од пораките на лидерот Али Ахмети од синоќешниот митинг на ДУИ во Чаир. Првиот вицепремиер Артан Груби од митингот порача дека „не можеш да го прегазиш возот“, а Ахмети додаде дека „ние не сме воз туку незапирлив ураган, не дозволувајте ураганот да ве прегази“.

„Тој не даде такви изјави ниту на Мендух Тачи кога се обиде да му изврши атентат, ниту на оние кои на прес-конференција го прогласија за тешко болен. Тој не им го правеше тоа ни на противниците, не ми е јасно зошто им го прави тоа на синовите. Каде одите со овој ураган? На сопствените синови? На оние кои му служеа 20 години“, праша Меџити во гостуивање на телевизијата Клан Дебата.

Тој појасни дека групата  незадоволни е своевидна фракција во ДУИ и дека саркастичните изјави на Ахмети, кои ги нарече закани, не и служат на партијата и на самиот Ахмети.

Одговарајќи на пораките на Груби од митингот во Чаир, Меџити потсети дека тој лани ја спасил Владата да не падне.

„Да паднеше Владата, Груби ќе немаше можност ни да зборува, бидејќи ќе беше во опозиција“, рече Меџити.

За подадената рака за помирување од Груби, потпретседателот на ДУИ вели дека е „исцеден корен“. Според Меџит и самиот Груби не верува во тоа што го кажува.

„Заборава дека јас бев ДУИ кога тој беше против ДУИ и кога не беше ДУИ и кога беше во невладината „Разбуди се, му помогнав… Од една страна подава рака, а од друга го разрешува заменик министерот Башким Хасани. Сменети се државни секретари, директори… го врати чувството на диференцијација“, рече Меџити.

Тој повтори дека собирот во Чаир бил централен собир на „артанистите“. Според него, на овој собир имало донесени луѓе од цела Македонија и дека тоа можело да се види од регистарските таблички на автомобилите.

„Од сите градови од Струга до Ликово, вршеа притисоци, уценуваа, се закануваа“, рече Меџити.

Тој се изненадил од големото обезбедување за митингот и оцени дека тоа било непотребно.

„Отсекогаш сме го чекале Али Ахмет како што е треба… Мислам дека ова е централен собир на артанистите затоа што се е тука, само Чаир не е“, изјави Меџити.