Mеџити и Лимани на средба со пензионерите ветија од септември повисоки пензии за 2500 денари

Иако СДСМ и ДУИ го доведоа буџетот во Министерството за труд и социјална политика во катстрофална состојба, сепак премиерот Мицкоски и коалиционите партнери од „ВРЕДИ“ успееја да најдат пари за повисоки пензии и плати за граѓаните уште од оваа година. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, рече дека наскоро ќе се сретнат со синдикалците за да го разгледаат барањето за минимална плата од 450 евра.

„Сме во заеднички контакт, планираме да седнеме заедно да ги видиме стуациите кои се, знаеме дека претходнада влада искористила или злоупотребила буџет од негде 60 % до 80 посто на буџетот на нашето министерство што го доведе во прашање и редовните плати да се платат“, изјави Лимани.

Предизборното ветување на премиерот Мицкоски им го потврди денеска на средба со пензионерите и вицепремиерот Изет Меџити, кој рече дека уште во првите две недели како влада почнале да ги исполнуваат дадените ветувања пред граѓаните.

„На предизборен состанок ние како „Влен“ им ветивме на пензионерите дека нема да ги заборавиме. Во првите две недели од владата веднаш ги исполнивме нашите ветувања. Но, тоа не е се, во блиска иднина ние ќе бидеме посветени линеарно да ги зголемиме уште повеќе, бидејќи пензионерите го заслужуваат тоа“, рече Меџити.

Првиот вицепремиер Изет Меџити и министерот за социјална политика Фатмир Лимани, се сретнаа со претставници на Здружението на пензионери во Чаир.