Со иницијативата за основањето на новото движење, Изет Меџити доби поддршка од албанските опозициски партии. Поранешниот член на Беса, во моментов независен пратеник, Кастриот Реџепи, за ТВ21 потврди дека ќе биде дел и основач на политичко движење на чело со Меџити.
„Го поддржав во текот на новиот процес, да речеме на неговата внатрешна политичка војна, исто така ќе продолжам да го поддржувам на неговиот пат и најверојатно ќе бидам и еден од основачите на новото политичко движење“, вели Кастриот Реџепи.
Уште еден независен пратеник, Скендер Реџепи Зејди вели дека нема никаква пречка за соработка со Меџити во рамки на новиот политички субјект.
„Имам доста добра комуникација со Изет Меџити, како што имам и со другите политички субјекти, но конечната одлука ќе ја донесеме по тоа што планираме да го одржиме, Народниот конгрес, заедно“, додаде Скендер Реџепи.
„Отворени сме за разговор, имаме комуникација со членовите на огнената група кои сега сакаат да основаме политички субјект. За натамошните чекори ќе ве информираме навреме“, вели Абдуш Демири.
Од партијата на Африм Гаши, Алтернатива, велат дека е време за опозициска соработка и “надминување на себеси“.
„Подготвени сме за соработка со сите политички субјекти од албанската опозиција кои изразуваат подготвеност за формирање широк опозициски фронт во функција на позитивни измени на албанската политичка сцена. Дојде време Албанците да се ослободат од корумпираните политики на партиите “Соравија“ и да се спасат од политичарите “нон-грата“, велат од Алтернатива.
Инаку Беса и Алтернатива веќе одржале средби за формирање на опозицискиот фронт.