– Како министер, силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи, кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместлива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата, се наведува во пишаната изјава на министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Врз основа на судска наредба, вчера беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во две приватни стана. Притоа биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, што ќе бидат предмет на анализа и вештачење.