Меѓу 49-те нови жртви на Covid-19 во БиХ и поранешниот премиер

Во Босна и Херцеговина во саботата се потврдени речиси 1.300 нови случаи на заразата со коронавирусот, а починале уште 49 лица како последица на компликациите кои ги предизвикува заболувањето Covid-19, меѓу кои и е и поранешниот премиер сега 80-годишниот Хасан Мутратовиќ.

Во текот на војната во БиХ во средината на 1990-те години Муратовиќ беше министер во повеќе влади а прв повоен премиер во периодот од 1996 до 1997 година, по што стана амбасадор во Хрватска а потоа ѝ се посвети на академската кариера и стана рекотор на Универзитетот во Сараево.

Само во сараевските болници во моментов на лекување има повеќе од 360 пациенти со Covid-19, а во главниот град на БиХ се сметаат за активни повеќе од 6.000 случаи.

Во целата БиХ од петокот се спроведени малку повеќе од 4.700 теститања, при што заразата е потврдена кај 863 лица од Федерацијата БиХ и кај 387 од Република Српска.

Од вкупниот број починати, 26 се од Република Српска, а 22 од Федерацијата БиХ. Уште едно лице починало од дистриктот Брчко.

Во БиХ од почетокот на епидемијата на коронавирусот во март досега починале 1.858 лица, а заразата е потврдена кај над 71.000 луѓе.