Меѓународен проект за здарвствена заштита на децата во прекуграничниот регион со Грција

За да се зголеми здравствената заштита и превентивното делување кај децата со кардио и респираторна чуствителност, во прекуграничните региони околу Битола и комшиските општини во северна Грција, со средства од Европската унија преку Interreg- програмата, се врши скрининг и мапирање на деца од 6- 12 годишна возраст во двете држави.

Поради зголеменото аерозагадување, нападната е најмладата популација, поради што, неопходно е навремено откривање на овие заболувања, велат организаторите од “Сфера Интернешнл“. Тие денеска го промовираа проектот на плоштадот “Магнолија“ во Битола, а веќе имаат набавено софистицирана софтверска опрема и педијатриско возило кое ќе се донира на Клиничката болница.

„За време на скенирањето се опфатени околу 600 деца досега, при што, се поставуваат смарт- сатови за нивно следење со сите аномалии што ќе се појавуваат преку софтвер. Потоа податоците одат во Клиничката болница“, рече Милчо Дули, претседател на “Сфера Интернешенл“.

Од грчка страна, исто така, скринингот е  во завршна фаза. Инаку, наспроти РЕК “Битола“, грчките термоелектрани во Птолемаида, Кожани и Овчарани, произведуваат седум пати повеќе струја со огромна емија на штетни гасови. Барем во Битола, црните статистики бележат по еден дневно заболен од рак, а во просек , еднаш неделно се дијагностицира рак на дојка кај битолчанките.