Викендов, на 24-ти и 25-ти септември, во водите на Охридското Езеро ќе се одржи Меѓународна едриличарска регата – International Ohrid Regatta.
Настанот е во организација на Здружението за спортско едрење „Aquatica Yachting“, под покровителство на Едриличарската федерација на Република Македонија и Општина Охрид.
Свеченото отворање е закажано за сабота, 24-ти септември 2022 година, со почеток во 10:00 часот на плажа „Горица 1“ – „К’j Дивоно“ со регатно поле во Охридскиот залив.
– Регатата ќе се одржи во класите: Optimist, ILCA 4 и 470, а учество ќе земат клубовите: JK „Палич“ од Палич, Србија, JK „Панонија 1975“ од Бела Црква, Србија, ЈК „Смедерево“ од Смедерево, Србија, Ј.К.Земун, Србија, ЦСЈЦ „Централ Софија Јахт Клуб“ од Софија, Бугарија, ЕК „Снегар“ од Струга и домаќинот „Акватика Јахтинг“ од Охрид, информирматираат организаторите.