Меѓународна група измамници украле 54 милиони евра од банки во Чешка

Организирана криминална група чиј центар е лоциран во Велика Британија преку измами украла 1,4 милијарди круни, околу 54 милиони евра, од две банки и една осигурителна компанија во Чешка, извести во понеделникот јавниот сервис Česká televize.

Измамниците ги изнудиле овие средства под меници за фиктивни  договори за набавка на челик. Слични случаи, според полицијата, имало најмалку 21, и секогаш финансиските институци обезбедувале десетици милиони круни (милиони евра) како заеми за криминалците.

Четворица од осомничените се наоѓаат во Чешка, тројца од нив се чешки државјани а еден на странска држава. Против нив е покренато обвинение за големи измами во банкарското работење и осигурителни операци, за што им се закануваат затворски казни во траење од десетина години.

Чешката полиција ја разобличила оваа меѓународна организирана криминална група во содејство со британските колеги. Притоа, се наведува дека првите индиции за големи измами на банките и осигурителните компании со меници за фиктивни договори за набавка на челик биле откриени во 2013 година, а оти истрагата е појрената во 2017 година.