Меѓународната заедница нема доверба во македонската полиција, смета Божоновски

Причини за интерпелација за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски имаше. Толку пасоши да се издадат, за околу 200 лица кои се криминалци и мафијаши во светот, тоа потсетува на Колумбија од деведесеттите, рече на гостувањето на телевизија 24, аналитичарот Владимир Божиновски.

Според него во една од акциите мораше и американсаката ДЕА да доаѓа затоа што тука надележните не се способни.

„Тоа со пасошите е почнато со доаѓањето на Спасовски на функција и тоа покажува колку треба да си неспособен. Тој еве тоа требало да го спречи. А тоа што ДЕА учествува во разбивање на наркокартели зборува колкава е недовербата во нашите институции. Од ДЕА, тие беа присутни директно на терен“, рече Божиновски.

Оставките, според него се поднесуваат како морален чин, и затоа требаше Спасовски да си поднесе оставка и сам.