Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка” што го организира НУ Центар за култура Крива Паланка, започнува вечерва, на плоштадот „Карпошово востание”, со почеток во 20:00 часот.
Фестивалот претставува ревија на фолклор, традиција и култура на која ќе настапат повеќе од 400 млади играорки и играорци од земјава и соседството, односно од Струга, Битола, Неготино, Кочани, Кратово, Демир Хисар, Скопје, градот -домаќин, Крива Паланка, како и гостите од Бујановац, Република Србија.
Фестивалот „Паланечка тројка” е дводеневен, а втората фестивалска вечер продолжува е утре, 13 јули. Името на фестивалот го симболизира најпознататото паланечко оро по кое е познато ова фолклорно поднебје.
Овој традиционален настан е дел од програмата на Кривопаланечко културно лето, а годинава е и на програмата на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024″.