Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд објави дека отворил истрага за потенцијални воени злосторства од страна на Русија за време на нејзината инвазија на Украина, објави Би-Би-Си.
Карим Кан напишал дека во „прелиминарното испитување на ситуацијата во Украина, мојата Канцеларија веќе нашла разумна основа да верува дека се извршени злосторства во надлежност на Судот и дека идентификувала потенцијални случаи кои би биле прифатливи“.
Главниот обвинител во понеделникот рече дека има намера да побара овластување од претседателството на судот за отворање на истрагата, но упатувањето на Обединетото Кралство и 38 други нации до судот значело дека тој сега има намера веднаш да ја започне истрагата.