![MSP Hag Palestina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/MSP-Hag-Palestina.jpg?resize=696%2C466&ssl=1)
Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) во понеделник отвора седумдневно сослушување за правните последици од израелската окупација на Палестина, а меѓу повеќе од 50-те земји на судиите свотие ставови ќе ги изложат САД, Русија, Кина, Словенија и Унгарија.
Генералното собрание на Обединетите нации побара од Судот мислење за израелската окупација во 2022 година и судиите сега ќе ги разгледаат „окупацијата, населувањето и анексијата… вклучително и мерките што ќе ја променат демографската структура, карактерот и статусот на Светиот град Ерусалим“. .
Израел ги окупираше Западниот врег, Појасот Газа и Источен Ерусалим во војната во 1967 година. Израелските сили се повлекоа од Газа во 2005 година, но сè уште ги контролира нејзините граници. Од 1967 година тој значително ги зголемил бројот на илегалните доселенички населби на Западниот брег, кои според Палестинците претставуваат закана за создавање одржлива палестинска држава. Израел го анектираше и Источен Ерусалим, но некои земји во светот не ја признаваат оваа анексија. Покрај тоа, од истата година Израел под окупација ја држи и Голанската восорамнина, која е територија на Сирија, но тоа не е предмет на оваа расправа.
Генералното собрание на ОН побара мислење од 15 судии за тоа како овие мерки и практика „влијаат на правниот статус на окупацијата“ и кои се нејзините правни последици за сите земји во светот и за Обединетите нации.
Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики ќе ја отвори дебатата, а потоа претставници на повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги САД, Кина, Русија, Јужноафриканската Република и Египет. На списокот на овие земји од регионот се Словенија и Унгарија.
Претставник на Израел нема да се појави пред судот и веќе достави писмени коментари. Во претходните дискусии еврејската држава ги игнорираше мислењата на Судот, но сега се под политички притисок поради војната во окупираниот палестински енклава Појас Газа, во која од почетокот на израелските воени операции на 7-ми октомври се убиени околу 29.000 Палестинци.
Светската јавност будно ќе ја следи дебатата пред судот на ОН, особено во поглед на најавената израелска офанзива на градот Рафа, на границата меѓу Газа и Египет, каде што повеќе од милион Палестинци се засолниле пред израелските воени операции.
Генералното собрание на ОН по втор пат бара судско мислење за израелската окупација. Во 2004 година, судот заклучи дека Израел го прекршил меѓународното право со изградбата на ѕидот на Западниот Брег и дека тој мора да биде урнат. Тел Авив не го исполни ова барање.
Овонеделните рочишта не се поврзани со тврдењето за геноцид врз Палестинците што Јужноафриканската Република го изнесе пред Судот со седиште во холандски Хаг против Израел. Судот на крајот на јануари побара од Израел да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот во Газа.
Мислењето на судот нема да биде правно обврзувачко, но ќе има „голема правна тежина и морален авторитет“, забележаа претствниците на трибуналот.