Меѓународниот суд на правдата го отфрли најголемиот дел од тужбата на Украина против Русија од 2017-та

Судиите во највисокиот суд на Обединетите нации во средата утврдија дека Русија ги прекршила елементите на антитерористичкиот договор на светската организација, но одбија да се произнесат по најголемиот дел од обвинувањата на Киев дека Москва наводно е одговорна за соборувањето на летот MH17 на Малезија ерлајнс над источна Украина во 2014 година.

Во истата пресуда, судиите на Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) утврдија дека Русија го прекршила договорот за антидискриминација со тоа што не обезбеди образование на украински јазик на Крим по анексијата на полуостровот во 2014 година. Меѓутоа, не го споменуваат законот со кој Киев истата година го забрани секое користење на јазиците на националните малцинства, особено на рускиот кој го користешње дотогаш речиси половината од украинското население.

Одлуките претставуваат правен неуспех за Киев.

Судот ги отфрли барањата на Украина да нареди компензација за двете прекршувања на договорите и само ѝ нареди на Русија да ги почитува договорите.

Во 2017 година, Украина поднесе жалба до МСП, исто така, познат како Светски суд, обвинувајќи ја Русија за кршење на антитерористичкиот договор со наводно финансирање на проруските сепаратисти во Украина.

Судиите велат дека Москва го прекршила антитерористичкиот договор на ОН со тоа што не ги истражила веродостојните тврдења дека некои средства биле испратени од Русија во Украина за евентуално финансирање терористички активности.

Комитетот од 16 судии ѝ нареди на Русија да ги истражи сите веродостојни наводи за финансирање тероризам, но го одби барањето на Киев за компензација.

Руското Министерство за надворешни работи во соопштение објави дека МСП одбил да ја прогласи русија за „држава агресор“, а доминатно руските југоисточни регион Доњецк и Луганск, кои во 2014 година по превратот во Киев и укинување на правата на регионот и на руското население самопрогласија „народни републик“, да ги прогласи за „терористички организации“, како што бараше Киев.

„Меѓународниот суд не го следеше водството во Киев и суштински одби да ја признае Русија како ‘држава агресор’“, се вели во објавата од Москваи се додава дека „со пресудата на Судот, Киев се надеваше дека ќе ги зајакне своите барања за трансфер на руски средства украдени на Западпт и за воведување меѓународни ограничувања против Русија“.

Судот со седиште во Хаг одби да донесе одлука за соборувањето на MH17, бидејќи прекршувањата за финансирање тероризам се однесуваат само на монетарната и финансиската поддршка, а не на снабдување со оружје или обука, за што Украина ја обвини Русија.

Украина тврдеше дека во случајот со MH17, Русија наводно го испорачала ракетниот систем што го урнал авионот, но не посочи финансиска поддршка во случајот. Во случајот, кој трае речиси седум години, Киев ја обвини Русија за опремување и финансирање на проруските сили, вклучително и бунтовниците кои го соборија MH17 во јули 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Во ноември 2022 година, холандскиот суд осуди двајца Руси и Украинец на доживотен затвор во отсуство за нивната улога во катастрофата.

Од друга страна, Москва во процесот кој засебно се води во Холандија за овој случај, понуди свои наводни докази, вклучително и сателитски снимки, како и сведоштва на украински офицери и војници дека малезискиот патнички авиони бил соборен од борбени авиони и украински противвоздуштен систем од советско производство. Москва, исто така, го постави прашањето зошто украинската контрола на летање го упатила летот на авионот по рута над област во која било познато дека има воени активности, но нејзините аргументи воопшто не беа разлгедувани од холандскиот суд.

На судското рочиште во Хаг минатиот јуни, Русија ги отфрли обвинувањата на Украина дека ги финансирала и контролирала проруските сепаратисти во источна Украина како фикција и „безобразни лаги“.

Украина тврдеше дека Русија се обидува да ја избрише културата на Татарите и Украинците на Крим. Судот ги отфрли сите тврдења поврзани со Татарите, но утврди дека Москва не направила доволно за да го поддржи образованието на украински јазик.

Пресудите на судот се правосилни, така што нема можност за жалба, но тој нема начин како да ги изврши своите пресуди.

Меѓународниот суд на правдата во петок ќе донесе одлука за друг случај во кој Украина ја обвинува Москва дека лажно ја применува Конвенцијата за геноцид од 1948 година за да ја оправда својата инвазија од 24-ти февруари 2022 година.