Меч со осум голови и неверојатни пресврти на Амјен и ПСЖ

Во 25-то коло од француското фудбалско првенство слабиот Амјен кој се бори опстанок и неприкосновниот лидер Пари Сен Жермен одиграа без победник 4:4 и покрај изненадувачкото водство на домашните од 3:0.

Стрелиц за Амјен беа Серху Гвираси во 5, Гаел Какута во 29 и Фусени Диабате во 40 минута. Убедливото водство на домашните ги разбуди играчите на ПСЖ, кој до 65 минута успеаја да израмнат а сите три гола ги постигнаа по изведени корнери. Прво во 45 минута погоди Андре Ерера, а потоа двапати и Нијанзи Кусаи во 60 и 65 минута.

Во 75 минута настапи целосниот пресврт, кога Маруо Икарди го доводе во водство ПСЖ. Тогаш се чинеше дека домашните до крајот на дуело можеа да примат уште некој погодок, но тие повторно изненадија и Серху Гвираси во втората минута од судиското продолжение со својот втор погодок ги постави конечните 4:4.

ПСЖ инаку настапи без најголемите ѕвезди Нејмар и Килијан Мбапе, кои беа чувани за дуелот со Борусија Дортмунд во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, кој се игра во вторник.

Амјен е претпоследен 19-ти со 21 бод, со најмалку четири бодови заостанување зад екипите кои ги држат местата кои гарантираат опстанок. ПСЖ е неприкосновен на врвот со 62 бодови, со 13 бодови предбност пред второпласираниот Олимпик Марсеј.