Мечките на Карпатите го прекинуваат зимскиот сон поради топлото време

Поради екстремно топлото време за овој период од годината, мечките на Карпатите го прекинуваат зимскиот сон, соопшти Националниот парк Верховински на Украина.

Според извештаите, за време на обиколката на паркот, чуварите виделе траги од најголемиот цицач на Карпатите – кафеавата мечка, која обично е во хибернација во овој период од годината, пренесува Укринформ.

Националниот парк ги предупреди посетителите дека доколку видат траги од мечка, мора што поскоро да ја напуштат областа бидејќи, како што се објаснува, кафените мечки се агресивни кога ќе се разбудат од зимскиот сон.