Мечот кој францускиот император Наполеон Бонапарта го носел кога го извел превратот во 1799 година, и пет други парчиња од неговото оружје, се продадени на наддавање во САД за повеќе од 2,8 милиони американски долари.
Предметите кои ги понуди аукциската куќа Rock Island Auction Company со седиште во американската сојузна држава Илиноис, биле продадени на 3-ти декември на понудувач по телефон кој останал анонимен, изјавил за AFP претседателот на компанијата Кевин Хоган.
Вредноста на мечот и петте украсени пиштоли првично била проценета на 1,5 до 3,5 милиони долари. За 2,87 милиона долари „купувачот на колекцијата на Наполеион ќе однесе дома многу редок дел од историјата“, рекол Хоган,.
Мечот заедно со корицата бил „дијамантот во круната“ на колекцијата, тврди аукциската куќа. Оружјето го изработил Николас-Ноел Бутет, кој тогаш бил управник на државната работилница за оружја во Версај.
Се верува дека по крунисувањето за цар, Наполеон му го подарил мечот на генералот Жан-Андош Жуно, но жената на генералот подоцна била принудена да го продаде за да ги отплати долговите.
Подоцна го пронашол лондонски музеј. Американски колекционер бил неговиот последен сопственик, но тој неодамна починал, соопштија од Rock Island Auction Company.
Славниот Корзиканец е една од неколкуте личности во француската историја која предизвикува најголеми поделби во општеството, бидејќи на неговиот огромен придонес во создавањето на модерната држава е спротиставен на неговиот империјализам и вонственото однесување.