Голманот, кој цела една деценија е во најсилниот состав на Македонија, а веќе 17 години дел од македонските селекции реши да стави крај на својата репрезентативна кариера и местото да им го отстапи на помладите.
Утрешниот меч со Украинците, на кој Пачовски последен пат ќе застане на голот како капитен ќе биде 47-ми во дресот на Македонија.
Утрешниот натпревар ќе биде посебен за мене, веројатно најемотивниот во фудбалската кариера. Ќе се простам од репрезентативниот дрес, дресот кој го носев 17 години. Ќе се простам од тимот кој го чувствувам како семејство. Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за целата поддршка, благодарност до сегашните и колегите со кои минавме долг период, време во кое имавме и радосни и моменти на тага. Благодарност до стручниот штаб, лекарскиот тим и луѓето задолжени за опремата и логистика. Репрезентацијата ми помогна да се изградам како играч и како личност. Никогаш нема да ги заборавам убавите моменти. Чувствувам дека е време да го отстапам местото на помладите, имаме надежни голмани и не сакам да им бидам пречка во нивниот напредок. Напротив, на сите во репрезентацијата им посакувам да споделуваат само убави моменти и да се радуваат на успеси. Македонската репрезентација секогаш ќе биде мојот тим број еден, вели Томе Пачовски за интернет-страницата на ФФМ.