Медицинска сестра итно префрлена на Инфективно, се претпоставува дека има свински грип

Една пациентка итно била префрлена на Инфективната клиника во Ниш поради сомнение дека боледува од свински грип.

Директорот на болницата Небојша Димитријевиќ изјавил дека пациентката била префрлена минатата ноќ, а дека клиничката слика укажува дека постои можност таа да заболела од вирусот на грип од типт H1N1, но дека дијагнозата сеуште не е потврдена.

Инаку пациентката е медицинска сестра во Здравствениот дом во Лебан. Таа вчера имала висока температура.

Инаку, синоќа 36-годишен пациент од Парачин кој се лекувал до грип, синоќа почина во Крагујевац, а пред два дена почина бремена жена од околината на Белград.