Поради наод од преглед медицинска сестра вчера била нападната во амбулантата во Шуто Оризари.
Како што информираат од полицијата, кај нив во 12:30 часот било пријавено дека во ходникот на амбулантата медицинската сестра Н.З.(26) била физички нападната од страна на П.А.(33).
-Имено, на настанот претходела расправија меѓу пријавителката Н.З. и П.А. заради наодот од прегледот на нејзината ќерка. Потоа П.А. ја удрила пријавителката во пределот на лицето, информираат од МВР.
Се работи на целосно расчистување на настанот.