Познатиот педијатар од Дебар, Арбен Аголи, на Фејсбук објави фотографија со две свои колешки, со заштитна опрема, како упатуваат порака на македонски и на албански јазик: „Ние работиме, вие седете дома“.
Арбен Аголи беше кандидат на Алијанса за Албанците на последните локални избори, но во градоначалничката трка загуби од кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука, кој исто така е лекар-уролог.