Медински: Деескалацијата не значи и прекин на огнот, преговорите се далеку од крајот

Ветувањето на Русија за намалување на воените операции во околината на главниот град Киев и на северот на Украина, не значи и целосен прекин на огнот, а на преговорите со украинската страна сѐ уште не им се надѕира крајот, изјави рускиот преговарач Владимир Медински.

„Русија не сака да го изложува Киев на голем воен ризик“, изјави Медински образложувајќи ја одлуката за запирање на воените дејствуија на руските сили во областа на украинската престолнина.

Со најавата на Москва намалување на воените активности околу Киев и северниот град Чернигов, како и украинското прифаќање на неутрален статус на земјата со меѓународни гаранции, беше направен најголемиот напредок во преговорите за постугнување мир во Украина.

„Ова не е прекин на огнот. Сакаме постепено да го деескалираме судирот, барем на тие два фронта“, изјави шефот на руската делегација Медински за агенцијата ТАСС.

Додаде дека Русиај веќе го направила вториот голем чекор кон смирување на судирот со тоа што се согласила на можнсот на состанок на претседателите на завојуваните земји во истовреме кога е поттикна мировниот договор.

„Но нема наскоро да успееме да го постигнеме договорот кој им одговара на двете страни“, оцени Медински.