![medinski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/medinski.jpg?resize=597%2C336&ssl=1)
Москва и Киев се на „половината од патот“ во постигнувањето на договорот за прашањето на демилитаризацијата на Украина, а нивните ставови се најмногу се усогласени околу неутралнсота на Украина и отакжување од амбициите од придружувањето на НАТО, изјави во петокот главниот руски преговарач Владимир Медински.
Приватната новинска агенција Интерфакс го цитира Медински кој рекол дека преговарачките тимови, кои се обидуваат да се договорат завршување на непријателствата во Украина, дискутирале за нијансите на безбедносните гаранции доколку Украина повеќе не се обидува да му пристапо на североатлантскиот воен сојуз.
Медински, кој е помошник на рускиот претседател Владимир Путин, одбил да открие други поединости од преговорите.
Русија на 24-ти февруаро започана воено настапување во Украина, што официјално ја нарекува „специјална воена операција“ чија цел е елиминирање на украинската воена инфраструктура која ја смета закана за завојата безбедност, да го спречи нападот врз одметната проруски источни украински региони во областа Донбас и да ги елиминира лицата кои ги опишува како ултранационалисти и неонацисти и ги обвинува за злосторства врз рускот и рускојазичното население по превратот во март 2014 година во Киев,