
Американската тенисерка Медисон Киз ја изненади втората носителка Ига Швјонтек од Полска со 5:7, 6:1, 7:6(8) и стигна до своето прво финале на Австралија опен во Мелбурн.
Киз, рангирана на 14. место во светот, во финалето во сабота ќе се соочи со двократната бранителка на титулата и светски рекет број еден Белорусинката Арина Сабаленка.
Американката досега беше учесник само во финалето на УС Опен во 2017 година, кога загуби од Стивенс, а повторно доби шанса со кам-бек против Швјонтек по два часа и 37 минути игра. Полјачката го доби првиот сет, а потоа во третиот сет на 6-5 загуби меч поен на свој сервис, а потоа и водство од 7-5 во супер тај-брејкот. Киз имаше 14 винери повеќе од петкратната освојувачка на грен- слем турнири и само една неизнудена грешка повеќе.
Дваесет идеветгодишната Кис на пет меча досега само еднаш ја победи Швјонтек, а интересно е што истиот скор (1-4) го има и против три години помладата Сабаленка.