![rakometarki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/rakometarki.jpg?resize=696%2C420&ssl=1)
Трет пораз од трет натпревар за македонските ракометарки на Медитеранските игри во Алжир, овојпат загубија од Португалија со 17:19.
Македонија загуби во еден тврд натпревар со малку голови во кој клучно беше првото полувреме кое го добија Португалките со 13:11. Во вториот дел ја задржаа предноста и дојдоа до триумф од 19:17.
Ова беше трет пораз на Македонија. Останува уште само мечот за седмото место за кое селекцијата ќе игра против Тунис или Алжир.