Соединетите држави се надеваат дека ќе направат јаз во односите меѓу Турција и Русија поддржувајќи ја турската опозиција на претстојните избори и од неа правејќи „нов Зеленск“, пишува турскиот медиуми Haber7, алудирајќи на украинскиот претседател Володомир Зеленски кој на власт дојде ветувајќи помирување со руското население но подоцна стана најголем експонент на антагонизмот кон Русија.
Според турскиот пензиониран полковник Ерај Гјучлуер, со помош на ткн седумстраната опозициска коалиција, САД очекуваат да ги спротистават интересите на Анкара и Москва истовремено по неколку позиции: во украинското прашање, во Сирија, во областа на Црното море и во Централна Азија.
„САД можат да прибегнат по кое и да е средство за постигнување на тоа. Можни се провокации. Во наредниот период САД ќе ѝ ја доделат на Турција улогата на Украина и Зеленски преку опозициската коалиција во земјата. За жал, коалицијата, исто така, ја презема улогата во однос на тоа. Тоа го покажуваат и досега дадените изјави“, изјавил полковникот Гјучлуе кој истапува во турските медиуми како политички аналитичар.
Во текстот се потсетува дека претседателскиот кандидат зад кој застанаа седум опозициски партии, Камал Киличдароглу од националистичката Републиканска народна партија (CHP),, во кампањата веќе се изјаснуваше за поддршка на Украина и инсистираше Турција да застане на страната на Украина во војната со Русија во текот на неговата посета на САД.
Турските медиуми претходно известија за средба на Киличдароглу со американскиот амбасадор во Анкара, Џефри Флејк по барање на американскиот дипломат. Тоа предизвика жестока реакција на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP), како мешање на Вашингтон во внатрешните работи на Турција. Самиот претседател Реџеп Тајип Ердоган демонстративно одби лична комуникација со американскиот амбасадор.
Минатата седмица турскиот дневен весник Yeni Şafak објави дека состаноците на турскиот опозициски блок во напорите да се постигне цврсто негово обединување пред претстојните претседателски избори се одржуваат во ткн „глуви соби“ во хотел во сопственост на припадници на американското разузнавање, лоциран спроти амбасадата на САД во Анкара.
Во написот на весникот беше наведено дека „амбасадорот Флејк дојде во Турција како човек од доверба на (американскиот претседател Џо) Бајден“. Во текстот се наведува и дека откако бил именуван од Бајден истакнал дела Вашингтон треба да заземе сосема поинаков пристап во однос на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и да му се стави јасно до знаење дека САД ги поддржуваат челниците на турската опозиција, и дека поради тоа не треба да зачудуваат континуираните контакти на американскиот амбасадор со нив.
Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14-ти мај, а на Ердоган најсериозен противкандидат е заедничкиот кандидат на опозицијата, сојуз на шест партии од левата до националистичката десница а ја ужива премолчената поддршка на прокурдската HDP, Кемал Каличдароглу. Во изборната трка учествуваат и челникот на партијата Мемлекет, Мухарем Инџе, кој беше поразен од Ердоган на изборите во 2018 година, и кандидатот на коалицијата Ата, Синан Оган.
Резултатите од истражувањата на јавното мнение сѐ уште не откриваат јасен фаворит на изборите, но според неодамнешната анкета на опозицискиот институтот за истражување TAG Research покажува дека 51,8 отсто од гласачите го поддржуваат Киличдароглу за претседател, а 42,6 отсто го поддржуваат Ердоган.
Политичките аналитичари истакнуваат дека претстојните избори ќе бидат најнепредвидливи по повеќе од две децении и воедно најтешките за владејачката Партија на правото и развојот (AKP). Имено покрај тешката економска криза, земјотресот ги покажа и слабостите на државата на чијашто величина настојува Ердоган, катастрофалните земјотрес во кој животите ги загубија околу 50.000 луѓе откри негрижа во секторите за недвижности и градежништво што го поттикна растот во последните 20 години кога Ердоган беше на власт, но попуштањето на пропустите периодично беше спроведувани и пред појавувањето на неговата AKP.