Медиуми: Џафери му порачал на Заев да не протестира за албанското знаме, условувајќи го со владата

Извори од СДСМ брифираат дека во средата доцна вечерта телефонски разговарале спикерот на парламентот Талат Џафери, кој беше назначен вонинституционално на 27 април по предлог на СДСМ со поддршката на албанските пратеници, и претседателот на СДСМ Зоран Заев во која претставникот на ДУИ се заканил соо поддршката околу формирањето на владата, пишува Журнал.

„Спремај таблата на албански за пред Собрание и не се буни за знамето, бидејќи нема Влада“, пишува порталот наведувајќи дел од телефонскиот разговор на Заев со Џафери

Повикувајќи се на своите извори, Журнал пишува дека разговорот се водел на иницијатива на Заев, додека, пак, Талат Џафери го проследил во опуштена атмосфера и со гласно смеење.

Суштинскиот дел од разговорот бил очајната молба на Зоран Заев до Талат Џафери да не ги провоцира граѓаните со националистички потези, при што Талат му одговорил со смеење.

Според написот, Заев очајно го молел Џафери да ги тргне знамињата, барем на некое време, додека да се формира Владата, а потоа откако ќе ја формираат Владата, доколку е потребно „и пред Собранието ќе постават албанско знаме“.

Талат Џафери на ваквата очајничка молба од Заев му одговорил со смеење, дека треба што побрзо да почне да собира пари за да купи и постави табла и на албански на влезот на Собранието на којашто ќе пишува „Kuvendi i Iliridës“, рекле за Журнал присутните на разговорот.