Медиуми: ЕУ и Британија ја договориле цената на разијдувањето

Велика Британија и Европската унија постигнале начелен договор за износот на британските обврски при истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, пишува дневниот весник The Daily Telegraph во вторникот повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот пишува дека е постигнат начелен договор околу барењето на Европската унија, Велика Британија ги исполни своите обврски кон Унијата во износ од 60 милијарди евра. Во извештајот се вели дека конечната сметка за Брегзит-от се движи меѓу 45 и 55 милијарди евра.

Од ЕУ велат дека британските потези треба да пристигнат пред самитот кон средината на декември за да можат челниците на Унијата да ја одобрат новата фаза од преговорите коишто би ги вклучувале и идните трговски односи.

Доколку договорот е навистина постигнат, тоа би претставувало знак дека двете страни значително му се приближиле и на договорот на самитот кој ќе се одржи на 14-ти и 15-ти декември, што ќе им овозможи да се пренасочат кон разговорите за трговските односи по раздружувањето.

Европската комисија за Reuters не сакала да ги коментира медиумските извештаи, а неименуван функционер на британската влада изјавил дека не е запознаен со тврдењата на The Daily Mail. Двете страни, инаку, веруваат дека се веќе близу договори околу државјаните на земјите членки на ЕУ во Британија, и британските државјани во Унијата.

Третиот клучен критериум за премин во втората фаза, начелниот договор за избегнувањето на „тврдата“ граница меѓу ЕУ и Обединетото Кралство којашто би можела да го наруши мирот во Северна Ирска, останува потенцијалната пречка.